Home Актуелно Извршители во ФЕНИ, реакција од менаџментот: Комбинатот си функцонира, сметката е блокирана од банка

Извршители во ФЕНИ, реакција од менаџментот: Комбинатот си функцонира, сметката е блокирана од банка

Индустрискиот комбинат „Фени Индустри“ се јави со демант околу пишувањата на опозициските медиуми дека му се подготвува затворање поради неплатен долг кон фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Фени Индустри“ e во функција, сметката на комбинатот e блокирана од деловна банка, стои во реакцијата и се додава:

„Во однос на неодамнешните шпекулации кои се однесуваат на Фени Индустри А.Д., Кавадарци, сакаме да ги дадеме следните информации. Компанијата се соочува со проблеми од 2015 година поради ниската цена на никелот на светско ниво, која веќе неколку години е во континуиран пад. Ситуацијата дополнително беше отежната со блокада на нашата сметка од страна на банка, и покрај претходните договори и вложување на големи напори во преговори за изнаоѓање најдобро и најоптимално решение за ситуацијата.

Поради блокадата на сметката сега имаме проблеми со дневните плаќања и кон други доверители, добавувачи, банки и компаниите кои не снабдуваат со руда, што доведе и до тоа некои од нив да покренат извршни постапки со кои единствено се оневозможува опремата да се продава, но истата е во функција, а со тоа и комбинатот, односно производните линии се во функција.

Напоменуваме дека досега платите на сите вработени се исплаќаа редовно и сметаме дека работењето на компанијата и егзистенцијата на вработените сè уште не се доведени во прашање. Работиме напорно и се надеваме дека брзо ќе се реши ситуацијата, односно дека банките и компаниите ќе ни излезат во пресрет за да можеме да ја санираме состојбата и да го одржиме комбинатот во функција“, стои во реакцијата на „Фени“ без да се спомене директно компанијата на вицепремиерот Анѓушев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…