Home Актуелно Со измама од седум фирми собрал над 450.000 денари

Со измама од седум фирми собрал над 450.000 денари

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.А. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Пријавениот, велат од МВР, во периодот од 18 мај до 23август, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти доведувал и одржувал во заблуда управители и вработени лица во вкупно седум правни лица, сите со седиште во Скопје.

Пријавениот се претставувал лажно дека е вработен во невладина организација и во нејзино име врши нарачка и набавка на стоки. Б.А. ги навел оштетените да му ја испорачаат нарачаната трговска стока (суровински материјал за изведба на подови, противпожарни апарати, некои прехранбени производи, тоалетна хартија и салфети).

Покрај даденото ветување, тој не ја платил стоката со што се стекнал со противправна имотна корист, а на оштетените им нанел материјална штета во вкупен износ од 472.463 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…