Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наместо да финишира до јуни оваа година, како што беше најавувано, изградбата на автопатот Кичево- Охрид сега добива ветувања за нови рокови.
Декември 2023 година е новиот краен датум до кога конечно ќе треба да завршат градежните активности на оваа делница кои започнаа уште пред седум години во февруари 2014 та година.
Актуелниот министер за транспорт Бочварски како и неговите претходници одолговлекувањето на изградбата го правдаат на грешната проектна документација. Ова е трето продолжување на рокот откако првично оваа автопатска делница требаше да биде готова до 2018 та година.
Проектот освен што доцни со години, стана и речиси двојно поскап од првичната замисла. Најмалку 10 милиони евра за еден километар ќе ги чини граѓаните автопатот Кичево-Охрид.
Првичниот проект претрпе промени поради несовпаѓање на проектираната и изведената траса, градежните активности беа сопрени, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните.. Беше најавено дека автопатот долг 57 километри ќе чини 374 милиони евра, но цената со дополнителните анекси на првичниот договор досега достигна речиси 600 милиони евра.Граѓаните и понатаму се скептични дека до 2023 навистина ќе возат по нов автопат до Охрид.