Изеде 7.000 долари за да ги сокрие од сопругот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жена од Колумбија морала да биде подложена на оперативен зафат бидејќи изела 7.000 долари за да ги сокрие од својот сопруг, пишува Independent.

30-годишната жена за локалната телевизија RCN изјавила дека голтнала над 57 банкноти од 100 долари откако агресивно се искарале со сопругот.

„Во нејзиниот желудник пронајдовм е 57 банкноти од по 100 долари и уште неколку извиткани во нејзините црева“, изјави главниот хирург од универзитетската болница во Сантандер, Хуан Пауло Серано.

„Изгледа ова бил очајнички чин кој дефинитивно ќе влијае врз животот и системот за варење на храната од пациентката“, додава Серано.