Избрани петте обвинители кои ќе го засилат тимот на Русковска за гонење на организиран криминал и корупција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на обвинителката Вилма Русковска за гонење на организиран криминал и корупција се засили за уште пет обвинители и околу 50 % повеќе од сегашните сегашните капацитетит.

На огласот, распишан пред 6 месеци, се пријавиле 14 кандидати.. Советот на обвинители избра тројца поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, која ги води предметите „Титаник“, „Траекторија, „МаџарТелеком“, како и истрагата за „Империја“.

Колеги во ова обвинителство повторно ќе бидат Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Тие заедно го застапуваа случајот „Трезор“, за кој беше осуден екс шефот на УБК Мијалков.

Во обвинителството за гонење на организиран криминал влегоа и Наташа Поп Трајкова, која доаѓа од обвинителството во Струмица и обвинителката Катерина Коларевиќ од скопското обвинителство.

Меѓу кандидатите за обвинители во тимот на Русковска беше и Фатеми Фетаи, но таа беше избрана за обвинител во вишото обвинителство.. За 5 позиици во ова обвинителство се пријавиле 32 канидати, а освен Фетаи, избрани се и нејзниот поранешен колега од СЈО Бурим Рустеми, кој ги води случаите „ТНТ“ и „Поштенска банка“, потоа досегашниот Шеф на скопското јавно обвинителство Сашо Рајчев, обвинитетелката Снежана Бундалевска позната по случајот „Тајвански кредити“ и случајот со сообраќајката кај Млечен и Наум Пановски, кој го водеше предметот „Диво Насеље“.

Во огласот за Вишото обвинителство меѓу кандидатите беа и обвинителите Ленче Ристоска, од поранешното СЈО, Ивана Трајева од обвинителствого за гонење на организиран криминал и Лидија Раичевиќ, но тие не ги добија потребните гласови.