Home Актуелно Ивановска од антикорупциска: Сите функционери си прават мали влади во своите кабинети

Ивановска од антикорупциска: Сите функционери си прават мали влади во своите кабинети

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, вели дека тоа што двајца генерални секретари на Влада се во судски процеси за корупција е лошо од една страна бидејќи тоа значи дека се работело лошо, но од друга страна е добро бидејќи покажува дека тоа е откриено и процесуирано т.е. не било прикриено. На граѓаните особено им пречи неказнивоста на моќниците.

Ивановска вели дека секоја влада до сега практикувала да извлече средства од буџетот за да ги задоволи своите гласачи.

– Видовме договори за авторско дело но немаше авторско дело. Имаше и авторски дела, но тоа беше по исклучок. Очекувам да се напуштаат старите лоши практики од претходната влада кога ќе дојде нова. Проблем е тоа што сите функционери си прават мали влади од своите кабинети. Тоа се премногу луѓе што се носат во министерствата однадвор во услови кога има доволен број вработени во самите министерства, вели Ивановска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…