Home Актуелно Лавров ја откажа посетата на Србија откако Македонија, Црна Гора и Бугарија забранија прелет на рускиот авион

Лавров ја откажа посетата на Србија откако Македонија, Црна Гора и Бугарија забранија прелет на рускиот авион

Посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија беше откажана, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за неговиот авион, изјави висок функционер од руското Министерство за надворешни работи за руските медиуми.

Британските медиуми наведуваат дека изворот од руското МНР потврдил дека Бугарија, Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот со кој денеска Лавров требаше да допатува во Белград.

– Нашата дипломатија сè уште не ја совладала телепортацијата, изјави изворот од руското МНР. Руското Министерство за надворешни работи засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата. Српската радио-телевизија синоќа објави дека посетата на шефот на руската дипломатија на Белград е неизвесна, а премиерката Ана Брнабиќ претходно дента за ТВ Пинк кажа дека ситуацијата во врска со посетата е „исклучително комплицирана“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…