Home Шоубизнис Иванка Трамп става клуч на својата компанија – вработените ќе бидат отпуштени

Иванка Трамп става клуч на својата компанија – вработените ќе бидат отпуштени

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, славната Иванка Трамп, изјави дека ќе ја затвори нејзината компанија која се занимава со производство на фустани, чевли и женски чанти, а вработените ќе добијат откази.

Весникот „Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно побргу и откако вработените ќе бидат известени дека се отпуштени.

Според Иванка Трамп, компанијата се затвора за да може таа повеќе време да посвети на функцијата советник во Белата куќа.

Американски медиуми објавија дека таа беше жестоко критикувана поради тоа што вработувала работници во Кина и за лошите услови во тамошните фабрики.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џеса Дагар за помошта од мајка ѝ со децата: „Таа е ангел“

Џеса Дагар, која го очекува седмото дете, ѝ се заблагодари на мајка си Мишел за поддршката…