Home Вебкафе Итри сватови им лепат лажни двеилјадарки на музичарите по свадбите

Итри сватови им лепат лажни двеилјадарки на музичарите по свадбите

Досетливи свадбари во изминатиот период, откако е пуштена во промет банкнотата од 2.000 денари, си играат мајтап со музичарите што ги забавуваат гостите на свадбените забави.

Со цел да заштедат на бакшиш, но и да се покажат пред сватовите, голем број од гостите се почесто изработуваат фалсификат банкноти, односно ги копираат на обичен штампач, и во долниот дел им допишуваат – Среќен брак, пренесува Фокус.

Потоа со истите, нарачуваат песни, а музичарите понесени од атмосферата, во целата гужва, дури откако ќе си заминеле дома, при пребројувањето на бакшишот, ја забележувале измамата.

,,Бевме на приватна забава во еден локал во внатрешноста, се славеше ергенска вечер. Во тек на забавата, некој од расположеното друштво ни ги подметнал фалсификуваните банкноти, најверојатно како дел од невкусна шега, и ги забележавме дури кога завршивме со настапот.

Сето ова е доста навредливо и понижувачки за нас, музичарите, кои се трудиме на гостите да им овозможиме незаборавна забава” – ни раскажа музичарот Тони Наумов од Бумбари Бенд.

Тој не е единствениот кој што завршил со фалсификуван бакшиш. И многу други негови колеги имале слично искуство, но велат дека се срамат јавно да го кажат тоа.

,,Ваквите изненадувања се случуваат често, па колегите нека отворат добро очи. Воопшто не е смешно, ниту пак забавно, туку е доста потценувачки за музичарите, кои се обидуваат чесно да заработат.

Ако некој сака да биде ѕвезда на свадба и да импресионира со лепење на бакшиш, нека го прави тоа како што е редот, а не со безвредни парчиња хартија” – велат колеги на Наумов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…