Home Вебкафе Италијанската премиерка Мелони и премиерот Салвини како Барби и Кен (снимка)

Италијанската премиерка Мелони и премиерот Салвини како Барби и Кен (снимка)

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони и вицепремиерот Матео Салвини се во главни улоги во нова „дипфејк“ пародија на филмот „Барби“.

Во кусото хит-видео што трае помалку од две минути, Мелони е Барби, а Салвини е Кен. Се појавуваат и други политички фигури од Апенинскиот Полуостров. Разговорот е преземен од филмот.

Видеото е направено со помош на вештачка интелигенција и „дипфејк“ видеомонтажа со замена на лица. Оваа пародија е дело на група „Ова не е ВИ“ (Ceci n’est pas une AI), активна од оваа 2023 година и којашто ветува уште поголема креативност во идните видеомонтажи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…