Home Актуелно Италијанка силувана од бившиот љубовник во Скопје

Италијанка силувана од бившиот љубовник во Скопје

Четириесет и деветгодишна државјанка на Италија Д.З. со живеалиште во Скопје, вчера пријавила дека нејзиниот поранешен љубовник Ц.М. (58) од Република Франција извршил обљуба над неа.

 Во моментот кога излегувала од дома, Ц.М. ја спречил да излезе, ја турнал внатре, ја заклучил влезната врата, ги врзал рацете и насилно извршил обљуба над неа, соопштува МВР.

По оваа случка, двајцата се договориле Д.З. да оди на работа за некој да не се посомнева во нешто и да се видат вечерта на плоштад. Д.З. не пружала отпор поради тоа што била исплашена, бидејќи и претходно била физички малтретирана од Ц.М.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…