Home Спорт Иско го губи трпението, на маса има три понуди

Иско го губи трпението, на маса има три понуди

Шпанските медиуми пренесуваат дека Иско полека го губи трпението и дека на крајот на сезоната може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Резултатите на Реал Мадрид оваа сезона се разочарувачки, па јасно е дека на лето „кралевите“ ќе прават реконструкција на тимот.

Флорентино Перез спреми буџет за големи трансфери, но исто така и многу ѕвезди ќе го напуштат тимот.

Една од нив може да биде и Иско, кој оваа сезона не добива голема минутажа, па во медиумите повторно е актуелна темата за негово заминување.

„Диарио Гол“ пренесува дека Иско има три понуди на маса. Првата е од Пеп Гвардиола кој на „Етихад“ го гледа како идеален наследник на Давид Силва.

Манчестер Јунајтед и Челзи исто така покажуваат силен интерес за Иско и во него гледаат како идеално засилување за да ја нападнат титулата следната сезона.

Сепак, на овие клубови нема да им биде лесно да стигнат до потписот на плејмејкерот кој има договор со Реал Мадрид до 2022 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…