Исчистил после масовни демонстрации и го наградиле со стипендија и автомобил Мустанг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


18-годишниот Антонио Гвин Јуниор од американскиот град Бафало беше пријатно изненаден откако самоиницијативно расчистувал по протестите за убиството на Џорџ Флојд, гест и заложба поради кои бил великодушно и неочекувано награден.

Средношколецот Антонио доби целосна стипендија на универзитетот Медајл во Бафало и ќе може да дојде во кампусот со црвен Мустанг ,модел од 2004 година, што му е подарен од благодарен член на заедницата, кога видел колку е чисто.

Кога неговата приказна стана позната, тој исто така доби една година бесплатно осигурување за своето ново милениче од локален претприемач, јавува Си-Ен-Ен.

„Се чувствував принуден да му помогнам“, изјави Боб Брикленд „Треба да се собереме и да покажеме дека има добри луѓе“.

Како и другите градови низ САД, Бафало беше погоден од демонстрации по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис на 25-ти мај.

Откако ја забележале штетата во родниот град, Гвин чистел дури 10 часа и кога волонтерите се појавиле подоцна тој ден, сфатиле дека тинејџерот веќе исчистил скоро сè. Мет Блок ја видел приказната на локалните вести и бил толку погоден, што решил да му даде Мустанг на момчето.

Вели дека не можел да го продаде, а ова е добар начин да се ослободи од автомобилот знаејќи дека ќе оди во рацете на некој што би знаел да го цени.