Иринчето чека втора принова?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Супермоделот Ирина Шајк беше присутна на еден ексклузивен настан во Барселона, во рамки на неделата на свадбената мода, а нејзините обожаватели и дел од медиумите веднаш се посомневаа дека се подготвува за свадба.

Кога позираше пред фотографуте, огромен скапоцен камен на безимениот прст јасно импресионираше, наликувајќи доста на веренички прстен.

Посебно интересен момент беше позирањето на Ирина Шејк во профил при што таа откри мало стомаче на нејзината фигура.

Имајќи ја предвид совршената форма на супермоделот и вештината да објавува вести на особено неочекуван начин, присутните на настанот се зачудија дали тоа всушност не беше соопштување дека Ирина Шејк и Бредли Купер чекаат второ дете.