Home Спорт Ирански ракометар го засили Металург!

Ирански ракометар го засили Металург!

Металург своите редови ги засили со иранскиот ракометар Амин Јусефинеџад, кој доаѓа од екипата на Шахрдари од Кашан, иранскиот вицешампион.

Јусефинеџад е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позиција лев бек, а со Металург потпиша три иполгодишен договор, кој завршува на 30 јуни 2020 година.

„Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот“, изјави Јусефинеџад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…