Home Актуелно Иран склучи со Французите и Кинезите нафтен договор од 5 милијарди долари

Иран склучи со Французите и Кинезите нафтен договор од 5 милијарди долари

Договорот со француската компанија Тотал и кинеската национална нафтена компанија предвидува развој на големо гасно поле во морските води, што е прв договор со странски компании по договорот за иранската нуклеарна програма во 2015.

Договорот предвидува француската и кинеската компанија да го развијат делот од огромното наоѓалиште Јужен Парс, кое Иран го дели со Катар во Персискиот Залив.

Во зделката Тотал има уддел од 50,1 отсто, кинеската државна компанија 30 отсто, а иранската фирма Петропарс 19.9 отсто.

Договорот предвидува експлоатација на 30 бушотини и две производни единици. Се очекува сегашното иранско производство од 540 милиони кубни метри гас да порасне на 600 милиони.

Иранското тло е четврто најбогато со резерви на нафта и второ според залихите со природен гас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…