iPhone 6 – иконичниот модел кој денес е веќе „олдтајмер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога беше објавен во 2014 година, легендарниот „iPhone 6“ забележа огромен успех на пазарот за паметни телефони.

Тоа беше првиот „iPhone“ кој имаше „Plus“ верзија, а на многу луѓе им се допадна поради поголемата површина на екранот.

Интересно е што „iPhone 6“ сè уште се користи денес, и покрај тоа што не добива ажурирања од 2018 година. Објавувањето на софтверот „iOS 13“ во 2019 година го означи крајот за „iPhone 6“ во областа на софтверските надградби, а сега „Apple“ го наметнува крајот и на поддршката за уредот во хардверскиот сегмент.

„Apple“ сега го категоризира „iPhone 6“ како олдтајмер, односно застарен производ, така што компанијата повеќе нема да обезбедува делови или услуги за овој уред.

„Сопствениците на производите „iPhone“, „iPad“, „iPod“, „Mac“ или „Apple TV“ можат да добиваат услуги или делови од провајдери на „Apple“, или независни сервисери, најмалку 5 години од последната дистрибуција на производот за продажба“, посочува компанијата „Apple“.

Од друга страна, користењето на моделот „iPhone 6“ веќе нема ни многу смисла. Бидејќи уредот користи стара верзија на „iOS“, повеќето апликации веќе не добиваат ажурирања. Најновата верзија, објавена во септември (iOS 16) на софтверот, бара „iPhone 8“ или понова верзија.