Home Актуелно Рестриктивни мерки за 15 македонски државјани кои војувале за ИСИС – списокот објавен на страницата од Управата за финансиско разузнавање

Рестриктивни мерки за 15 македонски државјани кои војувале за ИСИС – списокот објавен на страницата од Управата за финансиско разузнавање

Македонската Влада води „црна листа“ со имињата на борци кои биле да војуваат во Сирија, за терористичката организација „Исламска држава“ (ИС/ИСИС), а се македонски државјани. Листата е објавена во последниот број на Службен весник, каде се објавени имињата на 15 борци против кои се воведени финансиски санкции во согласност со Законот за рестриктивни мерки.

Тоа се луѓе кои не се во државата и против нив веќе имало истраги, а по нив се распишани меѓународни потерници.

Во одлуката, објавена во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разунавање. Тие со владина одлука се финансиски казнети поради учество во војната во Сирија која трае веќе 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Оваа одлука е донесена на 13 септември со потпис на вицепремиерот Артан Груби.

15-темина македонски државјани, чии имиња се објавени во владина одлука од месецов, се млади луѓе, на возраст главно од околу 30 години, по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга. Тие заминале од Македонија во 2014 и 2015 година, приклучувајќи се на ИСИС, за да се борат во граѓанската војна во Сирија. Дел од нив се и кривично гонети. Проценките на власттие се дека од земјата досега на странски боишта заминале 156 луѓе, а во земјава се вратиле 83-ца.

Одлуката е донесена на 13 септември со потпис на вицепремиерот Артан Груби, а е објавена во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разунавање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…