Интересен момент: Кога Порфириј соопштуваше за признавањето на автокефалноста на МПЦ ОА во соборниот храм слета гулаб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уште еден интересен момент од вчерашниот голем и значаен настан кој се случи во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје каде првиот човек на СПЦ, Порфириј, соопшти дека Соборот на СПЦ издал амин за доделување на автокефалност на МПЦ ОА.

Токму во моментот кога Порфириј ја соопштуваше пред присутните верници и медиумите големата и блага вест, гулаб слета во Соборниот храм на големо пријатно воодушевување на сите.

Информацијата ја споделија архијереите кои учествуваа во вчерашната историска литургија и кои успеале да го фотографираат гулабот, а симболиката на оваа птица во христијанство сигурно ја знаете: „Според Евангелието по Марко, по крштевањето на Исус, се виде како небото се отвора и како Духот претставен со гулаб излегол од него“.

Фотографија: МИА