Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Раководството на Интер е во напредни преговори со Херта за трансфер на Валентино Лазаро, пренесуваат италијанските медиуми.
Германскиот клуб за слободата на австрискиот репрезентативец бара 20 милиони евра, но од „Сан Сиро“ не се спремни да платат повеќе од 15 милиони евра.
Лазаро е поливалентен играч кој е голема желба на тренерот Конте. Австриецот игра како десно крило, но може да ја покрива и целата десна страна на теренот и е идеален за формација 3-5-2 која ја практикува новиот тренер на „нероаѕурите“.
Лазаро пристигна во Херта во 2017 година од Салцбург за 6,5 милиони евра и одигра две одлични сезони во Бундеслигата.