Home Спорт Интер во напредни преговори со ѕвездата на Херта

Интер во напредни преговори со ѕвездата на Херта

Раководството на Интер е во напредни преговори со Херта за трансфер на Валентино Лазаро, пренесуваат италијанските медиуми.

Германскиот клуб за слободата на австрискиот репрезентативец бара 20 милиони евра, но од „Сан Сиро“ не се спремни да платат повеќе од 15 милиони евра.

Лазаро е поливалентен играч кој е голема желба на тренерот Конте. Австриецот игра како десно крило, но може да ја покрива и целата десна страна на теренот и е идеален за формација 3-5-2 која ја практикува новиот тренер на „нероаѕурите“.

Лазаро пристигна во Херта во 2017 година од Салцбург за 6,5 милиони евра и одигра две одлични сезони во Бундеслигата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…