Home Спорт Интер троши богатство за засилување на одбраната!

Интер троши богатство за засилување на одбраната!

Во Италија постои правило дека тимот со најдобра одбрана готово секогаш го освојува Скудетото, а најдобар пример за тоа е Јувентус кој секогаш се потпира на својата дефанзивна линија.

Интер го знае „рецептот за Скудето“ и следната година сака конечно да ја нападне титулата, па е спремен да потроши голема сума на пари за засилување на одбраната.

Најголем проблем за „нероаѕурите“ се бековските позиции, па раководството веќе работи на тоа. Медиумите тврдат дека трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург е практично договорен, што сигурно ќе биде големо засилување за левата бековска позиција.

Од друга страна Интер не се откажува од Матео Дармиан, кој би бил одлично решение за десната страна иако може да игра и лево.

Притоа „нероаѕурите“ сакаат да донесат и еден врвен стопер, а прва мета е Костас Манолас од Рома за кого се спремни да платат 45 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…