Home Спорт Интер стравува – Јувентус тргнува по најголемата желба на „нероаѕурите“

Интер стравува – Јувентус тргнува по најголемата желба на „нероаѕурите“

Ѕвездата на Фиорентина, Федерико Бернардески е еден од најбараните фудалери на Апенините и за неговиот потпис се „тепаат“ Интер и Јувентус.

Бернардески е една од најголемите желби на Интер во летниот преоден рок и веќе подолго време преговараат со Фиорентина и со неговиот агент, но проблемот на „нероаѕурите“ се вика – Јувентус.

Имено, италијанскиот шампион е одлучен во намерата да го донесе Бернардески во Торино и спреми одлична понуда со која ќе може да ја убеди Фиорентина.

И покрај фактот што се на добар пат да го комплетираат трансферот на Даглас Коста, „бјанконерите“ го сакаат и Бернардески, па на адреса на Фиорентина испратија понуда од 40 милиони евра плус бонуси.

Наводно играчот веќе има постигнато договор со „старата дама“ и сака преселба во Торино, па сега се чека одговор на „виолетовите“ кои пак преферираат играчот да му го продадат на Интер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…