Home Спорт Интер сака да го „украде“ Гризман пред носот на Јунајтед!

Интер сака да го „украде“ Гризман пред носот на Јунајтед!

Италијанските медиуми тврдат дека Интер следното лето сака да направи „бум“ на трансфер пазарот, па „нероазурите“ се подготвени да го „украдат“ Антоан Гризман под носот на Манчестер Јунајтед.

„Медиасет“ тврди дека нероазурите“ веќе го решиле проблемот со финансискиот ферплеј на УЕФА и имаат намера да ја платат откупната клаузула за Гризман, која изнесува 100 милиони евра.

Гризман сепак би се согласил да премине на „Џузепе Меаца“ само под еден услов – Интер да обезбеди учество во Лигата на шампиони. Во моментов избраниците на Стефано Пиоли се наоѓаат на 5-та позиција и заостануваат 5 бода зад Наполи кој е на третото место.

Во секој случај Манчестер Јунајтед ќе добие жестока конкуренција за потписот на Гризман, а предност ќе има оној клуб кој ќе обезбеди учество во Лигата на шампиони, со оглед на фактот дека и двата тима се борат за излез во ЛШ оваа сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…