Интер носи српски репрезнтативец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека милански Интер е сериозно заинтересиран за играчот на Саутемптон и српската репрезентација, Душан Тадиќ.

Интер следната недела и официјално ќе го промовира Лучијано Спалети за нов тренер, но веќе работи на засилувањата за следната сезона.

Наводно „нероаѕурите“ сакаат да го засилат средниот ред со Душан Тадиќ и веќе стапиле во контакт со неговите агенти.

Србинот имаше одлична сезона во Саутемптон, а во Интер веруваат дека тој може да донесе додатна креативност во средниот ред.

28-годишниот српски репрезентативец има договор со Саутемптон до 2020 година, а се очекува цената на трансферот да изнесува 17 милиони евра.