Home Спорт Интер има „пеколен“ план: После Годин, го сака и Робен – безплатно!

Интер има „пеколен“ план: После Годин, го сака и Робен – безплатно!

Раководството на Интер веќе договори еден голем трансфер за следното лето, но италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ нема да застанат тука.

Медиумите во Шпанија и Италија потврдија дека Интер постигнал договор со Диего Годин, кој следното лето ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент од Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ внимателно ја следат ситуацијата на сите фудбалери без договор и следната мета е ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен.

Робен следниот месец ќе наполни 35 години и ја игра последната сезона во Баерн, па Интер сака да го донесе на „Џузепе Меаца“ и наводно е спремен да му понуди едногодишен договор.

Интер следната сезона сака да направи тим со кој конечно ќе го нападне Скудетото, а раководството смета дека Холанѓанецот ќе биде од големо значење за тимот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…