Инструктор по стрелаштво силувал девојче во Кавадарци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера беше објавена првична информација дека наставник силувал ученичка. По добиени официјални информации од МВР, е утврдено дека девојчето било жртва на тренер по стрелаштво, а не на наставник.

Шеесет и осумгодишен тренер по стрелаштво силувал 13годишно девојче во Кавадарци. Судот му одреди притвор од 30 дена за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Според Министерството за внатрешни работи, 68годишниот Б.П., кој му бил тренер на девојчето,  во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката во стрелачкиот клуб во подрумски простории на гимназијата Добри Даскалов.

Вчера беше објавена првична информација дека наставник силувал ученичка, но официјалните информации од полицијата велат дека тренер по стрелаштво го силувал девојчето.

Од Општина Кавадарци денеска испратија демант.

Најодговорно го демантираме насловот бидејќи истиот е неточен, тенденциозен и субјективен. Во написот е напишано дека половиот напад е извршен од наставник, и наводите се невистинити бидејќи не станува збор за наставник ниту, пак, актот за кој е покренато обвинение е извршен во училиште, се вели во демантот.

Оттаму велат дека со објавената неточна вест дека наставник силувал ученичка се извршил атак врз општината и училиштата и дека се создала непотребна паника кај родителите.