„Априлијада“ во чест на Денот на шегата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Традиционалната „Априлијада“, по повод 1 април – Денот на шегата, ќе се одржи во сабота од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, а на која се очекува да учествуваат деца од сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината.

Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, а за крај и настап на Диџеј.

Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.