Home Вебкафе Инспирација од глечерите вивната во облаците – нов Боинг ќе ве импресионира (видео)

Инспирација од глечерите вивната во облаците – нов Боинг ќе ве импресионира (видео)

Авиокомпанијата Исландар по повод одбележувањето на 80 години од постоењето го претстави новиот дизајн на своите авиони Боинг 757-200, инспириран од глечерите.

Внатрешноста на авионот Ватнајокул, наречен по истоимениот глечер обложена е со ОЛЕД екрани, кои прикажуваат мотиви налик на замрзнати пештери.

На патниците освен тоа им се пушта соодветна „глечерска музика“ со цел атмосферата да биде поавтентична.

Седиштата имаат навлаки во сина и бела нијанса, на чашите, салветите и хартиени кеси се печатени мотиви на глечери, а бифето е претворено во „минијатурна замрзаната пештера“.

Ватнајокул ќе сообраќа на линијата меѓу Рејкјавик и други европски градови како и градови во САД.

Истата екипа на дизајнери работеше и на проектот Хекла Аурора – летала на Исландер, инспирирани од поларната светлина. Тие се во комерцијална употреба од 2015 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…