Home Актуелно Имотот од бизнисменот Сеад Кочан станува државна сопственост

Имотот од бизнисменот Сеад Кочан станува државна сопственост

Целокупниот приватен имотот кој го има стекнато бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе премине во државна сопственост.

Со правосилната одлука за случајот Труст, Агенцијата за управување со одземен имот формирала комисија која веќе работи на документацијата со која го презема имотот кој е на негово име. Недвижнините и возилата на компанијата Трансмет тежат околу 14 милиони евра, а дел од нив се под залог.

Имотот на Кочан е меѓу првите за конфискација од предметите на Специјалното јавно обвинителство. Освен од правосилни одлуки, Агенцијата управува и со запленета стока од Царинската управа. Дел од таа стока, во која има бела техника и кујнски апарати, денеска ја донираа на државни институции и општини.

Директорот Асани се пожали за пренатрупаноста од конфискувани возила. Вели дека имаат неколку илјади кои чекаат на судски разврски и без правосилни одлуки не можат да ги донираат на институциите кои имаат потреба од нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…