Имавте совршен секс – Сакате малку разговор, но тој веќе спие, зошто?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Момците често потонуваат во сон веднаш по водењето љубов со својата партнерка, а тоа значи дека со вас е опуштен и дека му е пријатно во вашето друштво.

Хемикалиите во машкиот организам се менуваат по оргазмот. Се ослободува биохемискиот пролактин, физички се менува неговото тело и поради тоа е уморен, објаснува Давид Мекензик, сексуален терапевт од Ванкувер, Канада.

Дополнително појаснување имаат докторите Марк Лејнер и Били Голдберг, автори на книгата „Зошто момците заспиваат по сексот“.

„Се смета дека напорот во текот на сексот и достигнувањето на оргазот ги исцрпува мускулите поради зголемено производство на гликоген и предизвикува поспаност. Со оглед на тоа дека момците имаат повеќе мускулна маса од жените, стануваат поуморни по сексот“, се согласни тие.

Додаваат дека малку докази има зошто посилниот пол е скло на спиење, но се знае дека по оргазмот во телото засилено се создаваат окситоцин, пролактин, гама-аминомасна киселиа и ендоприн и создаваат чувство на поспаност.

Постои теорија базирана на духовните аспекти на сексот по кој спојувањето на машкото и женското тело е света работа која ја зголемува свеста и насочувањето на енергијата и подигнување на паровите на ново ниво.

Оргазмот кај мажите е надворешен бидејќи ејакулира, а тоа предзвикува губење на енергија. Женскиот е внатрешна експлозија на енергија, па нема губење и во состојба потоа да се прегрнува со часови. Со таа теорија делумно согласна е и Лаура Бетито, психолог од Монтреал, специјалист за сексуалност.

„Жените сакаат да ги одработат своите искуства по сексот и имаат желба да разговараат. Комуникацијата е полесна и поприродна кај жените. Од друга страна, ако мажот не е премногу комуникативен кога е полн со енергија, ќе биде уште помалку по сексот“, вели Лаура.

Инаку, сексуалните терапеври се согласни дека дружењето по сексот помага во засилување на интимноста и приврзаноста.