Home Шоубизнис Илон Маск на големо го распродава недвижниот имот

Илон Маск на големо го распродава недвижниот имот

Директорот на Tesla и Space X, Илон Маск, изглед дека цврсто е одлучен да го исполни своето ветување дека „нема да поседува ниту една куќа“, со оглед на тоа дека пушти на продажба уште пет недвижнини чија вкупна вредност изнесува неколку стотини милиони долари.

„Го продавам сиот свој недвижен физички имот. Не сакам да имам никаква куќа“, напиша Маск на Твитер на 1. мај.

После тоа, според пишувањето на Bloomberg, Маск стави на продажба четири недвижнини во Лос Анџелес. Вкупната цена на овие недвижнини беше 62,5 милиони долари. Маск, исто така, објави дека ја продава и својата куќа во Англија за 35 милиони долари.

Почна да прифаќа и понуди за два имоти во Бел Ер, чија вкупна цена изнесува 39,5 милиони долари, пренесува Business Insider.

Во неговиот подкаст Маск неодамна објасни: „Поседувањето некако ве одважува. Имотот е некој вид на вектор на напад. Луѓето велат: Еј, милијардеру, ти ги имаш сите тие ствари. Еве, сега ги немам. Што ќе направите сега?“

Потсетуваме, богатството на Маск се проценува на 38 милијарди долари.

Што ќе прави со парите откако ќе го продаде целиот свој недвижен имот и каде планира да живее, Маск уште нема откриено за јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …