Home Вебкафе iLife MP8 Micro PC – најмалиот персонален компјутер на светот

iLife MP8 Micro PC – најмалиот персонален компјутер на светот

iLife MP8 Micro PC со своите димензии е најмалиот персонален компјутер на светот кој е сосема функционална машина. Има димензии од 50х50х40 милиметри и може лесно да се изгуби поради минијатурните димензии.

„Mini box“, сепак, со помош на Wi-Fi приклучок , безжична тастатура и маус, станува персонален компјутер со прилично цврста конфигурација за неговата големина, дизајниран за основни работи.

Ова „џуџе“ се напојува со процесор Intel Celeron N4100. Опремен е со 4 GB RAM меморија и 64 GB внатрешно складирање eMMC.

Слот за microSD, порта за HDMI, две порти за USB 3.1, аудио излез од 3,5 мм и приклучок за напојување USB Type-C се одговорни за проширување на меморискиот капацитет и поврзување со други уреди.

ILife MP8 Micro PC го користи оперативниот систем Виндоус 10 и веројатно е во моментов еден од најмалите Win 10 компјутери.

Бидејќи неодамна имаше премиера во матичниот Хонг Конг, цената сè уште не е позната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…