Спорт

Илчо Наумоски осуден на условна казна затвор!

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Илчо Наумоски, за учество во два инциденти во Австрија, доби седуммесечна условна затворска казна.

Илчо Наумоски најголем дел од кариерата, од 2005 до 2013година ја мина во Матерзбург, тим за кој одиграл 227 натпревари и постигнал 51 гол.

Од овој период се и двата инциденти поради кои поранешниот македонски репрезентативец на Македонија заврши на суд и поради кои доби условна казна.

Како фудбалер на Матерзбург, пред шест години, на дуелот со Винер Нојштад, Наумоски удрил противнички играч, кој се здобил со потрес на мозокот и скршена јаболчница.

Вториот инцидент, во кој бил инволвиран Наумоски, се случил во ноќен клуб во Виена, во кој фудбалерот заедно со двајца пријатели учествувал во тепачка, во која било повредено 24-годишно момче.

Казната која ја доби Наумоски е условна, но тој може да заврши зад решетки доколку го повтори делото во наредните три години.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top