IKEA ќе го „освојува“ Марс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гигантскиот производител на монтажен мебел и живеалишта, IKEA, ја испрати својата дизајнерка за ентериер, Кристина Левенборн, да живее во истражувачка станица која симулира живеалиште на Марс, во пустината во Јута, за да се специјализира за дизајнирање на мали просторни живеалишта. Кристина сега ја редизајнирала самата станица.

Во далечната иднина, кога луѓето ќе го поминуваат животот во шатлови што патуваат на далечни планети каде што ќе живеат во малечки живеалишта, ќе ни биде важно да ги украсуваме овие мали животни простори за да ни бидат удобни за подолг престој. IKEA ни порача дека сме во добри раце. Шведскиот гигант за мебел веќе размислува како да ги дизајнира овие животни простори на иднината. А, според првичните дизајни, има големи шанси да се чувствуваме пријатно во тие идни домови, благодарение на паметните системи за складирање, топло осветлување и мали оранжерии полни со растенија.

Пред две години IKEA испрати дизајнери во Марсовската пустинска истражувачка станица (МДРС), која создаде живеалиште во пустина во Јута што ги имитира условите на црвената планета. Внатрешната дизајнерка на Икеа Кристина Левенборн остана во живеалиштето, а сега создала IKEA-линија за мали простори, инспирирана од нејзиниот престој.

Неодамна таа го искористи своето искуство од престојот таму за да им помогне на истражувачите да го уредат просторот. Таа тукушто се врати од редекорирањето на живеалиштето, кое сега изгледа блескаво осветлено и уредно организирано. Всушност, изгледа како она што го гледате во каталогот на IKEA – што е импресивно, затоа што просторот е исклучително мал и пуст.

Самото живеалиште – е куполен цилиндар висок околу 8 метри, кој се состои од пониско ниво, на кое се сместени заедничка лабораторија и работилница, и горно ниво, на кое има кујна и шест мали спални со кревети на кат. Групи од по шест истражувачи минуваат неколку недели или месеци во овие ситни живеалишта откривајќи како да се справат со секојдневниот живот на друга планета. Тие градат оранжерии за да одгледуваат храна, создаваат лаборатории за да ги проучуваат примероците почва и учат како да дишат со помош на боци кислород.

Но истражувачите – и на крај астронаутите – ќе мора да откријат и како да уживаат во животот на тој мал простор. Ова значи да учествуваат во сите аспекти на секојдневниот живот што ни овозможуваат да напредуваме како луѓе, како на пример добриот ноќен сон, уживањето во хобија и забавувањето, дружењето со пријателите и удобноста на нашите простори за живеење. А на тоа поле Икеа навистина е експерт.

„Се обидовме да работиме со производи за живот во мал простор, кои може да бидат распоредени на флексибилен и мултифункционален начин“, објасни Левенборн. „За живеалиштето донесовме производи на тркала за мобилно живеење, табуретки за седење и маси и столови на склопување заради заштеда на простор“.

Шесте спални соби биле посебен предизвик, затоа што тие се екстремно мали простори, а сепак се единствените места каде што истражувачите можат да бидат сами и да „наполнат батерии“.

Дизајнерите на IKEA ги опремиле просториите со висечки организатори и куки, заедно со УСБ-полначи. И, што е најважно, ставиле работни ламби што фрлаат топол сјај, со што просторот изгледа повесело. IKEA помогнала и во опремувањето на стаклената градина на МДРС со низа производи за отворен простор, вклучувајќи голем кабинет, клупа и ламба на соларна енергија, заедно со лименки вода.

Претпоставката на IKEA е дека на некое ниво, во далечната иднина нашите потреби ќе бидат исти како што се сега. Дури и кога ќе истражуваме далеку од границите на нашиот сончев систем, сепак ќе сакаме на крајот на денот да се вратиме дома во некој пријатен простор, да имаме место за ручек со пријателите и со семејството и уредно организиран плакар.