Home Спорт Видео: Нејмар го постигна голот на сезоната, но сите зборуваат за реакцијата на голманот!

Видео: Нејмар го постигна голот на сезоната, но сите зборуваат за реакцијата на голманот!

Нејмар оваа сезона не е на нивото од претходните сезони, но и понатаму е стандарден во тимот на Каталонците кои во последното време играат одлично.

Барселона синоќа со „петарда“ ја испрати Селта од „Камп Ноу“, па иако сите голови беа убави на свој начин, еден се издвојува посебно.

Особено спектакуларен беше голот на Нејмар кој успеа да го лобова гостинскиот голман на исклучително мал простор, па ова сигурно ќе биде еден од најубавите голови сезонава во Примера.

Сепак, најголемо внимание на социјалните мрежи привлече потегот на голманот Алварез кој со поглед ја испрати топката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…