Игор Дурловски пуштен во домашен притвор, укинат од Пешевска притворот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Игор Дурловски притворот му е заменет со мерка домашен притвор, а има промени и во мерките за другите осомничени за случувањата и насилствата во Собранието на 27 април, 2017 година.

На пратеничката Жаклина Пешевска и се укинува куќниот притвор и мерката се заменува со мерки за претпазливост, а на Игор Дурловски, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“ и на вработената во Собранието на Македонија, Елена Доцевска – Божиновска мерката притвор се заменува со куќен притвор, одлучи Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, соопштија од Судот.

Советот постапуваше по барањата на Обвинителството. Пешевска, Дурловски и Доцевска – Божиновска се дел од осомничените за упадот и насилствата во Собранието на 27 април, минатата година.

Советот исто така постапуваше по барање на Обвинителството и на други 21 осомничен за настаните во Собранието, им го продолжи притворот за 30 дена. А продолжена им е мерката и на тие што се во куќен притвор им е притвор. Меѓу осомничените кои се во притвор, односно куќен притвор се и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и водачите на протестите „ За заедничка Македонија“.