Home Спорт Ибра го посети тренингот на Јунајтед и заклучи: Никој не е добар колку мене!

Ибра го посети тренингот на Јунајтед и заклучи: Никој не е добар колку мене!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на турнеја во САД и моментално е во Лос Анџелес каде се подготвува за пријателскиот дуел со Милан.

Лос Анџелес од неодамна е градот на Ибрахимовиќ, па напаѓачот ја искористи шансата да го посети тренингот на „црвените ѓаволи“.

Ибра преку социјалните мрежи се обрати директно на социјалните мрежи и повторно даде „контроверзна“ изјава.

„Погодете кој се врати. На тренингот на Јунајтед видов многу квалитет, но никој не е квалитетен како мене. Мило ми е што ги видов повторно моите поранешни соиграчи и уживав на нивниот тренинг“, истакна Ибра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…