Home Шоубизнис Ибра фамилијарно на луксузна јахта кај монденското Сен Тропе

Ибра фамилијарно на луксузна јахта кај монденското Сен Тропе

Славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ по крајот на сезоната во Италија летува на луксузна јахта со невенчаната сопруга Хелен и синовите Винсент и Максимилан.

Асот на Милан се наоѓа во монденското Сен Тропе во Франција, летувалиште познато како одморалиште на светскиот џет сет. Популарниот Ибра како вистински спортист не се опушта ниту кога е на одмор.

 

Швеѓанецот и на одморот напорно вежба за да остане во форма,пред очите на неговата 11 години по возрасна невечана сопруга, поранешната манекенка Хелен Сегер со која има два сина.

 

Златан пк покрај редовните вежби најде време и да се забавува во водените спортови. Славниот фудбалер по напорните вежби за истегнување се олади во водите на Медитеранот секако скокајќи од високата јахта во морето.

На луксузната јахта убавата Хелен покажа дека и на 50-годишна возраст сеуште има тело на кое може да и позавидат помладите девојки и дека без проблем може да се соблече во бикини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …