Home Спорт И тоа е можно: ФИФА лани била во минус 369 милиони!

И тоа е можно: ФИФА лани била во минус 369 милиони!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) минатата година имала финансиски минус од 369 милиони долари. Причината за финансискиот минус се судските трошоци, предизвикани од истрагите поврзани со корупцијата во ФИФА, спроведени од американските и швајцарските власти.

ФИФА соопшти дека очекува поголем финансиски минус оваа година, а дека во 2018 година планира профит од една милијарда долари. Најмногу од овие пари ФИФА ќе заработи од продажбата на телевизиските права за Светското првенство во Русија.

ФИФА се уште не продала 24 места од 34-те колку што има во својата спонзорска програма за Мундијалот, кој започнува за 14 месеци.

„Се подразбира дека моменталната стагнација во голбалната трговија, комбинирана со истрагите на преходните челници на ФИФА, влијаеше на вкупниот приход“, се вели во финасискиот извештај на ФИФА за 2016 година, објавен на 116 страници.

Правните трошоци на ФИФА минатата година изнесувале повеќе од 50 милиони долари. Исто така, светската куќа на фудбалот потрошила 7,9 милиони долари за организација на конгресот на кој беше избран новиот претседател Џани Инфантино, а за 5,6 милиони долари им биле зголемеми платите на членовите на Советот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…