Home Актуелно И тоа чудо бидна: Извршителите денес протестираа со неработење – незадоволни од новиот тарифник

И тоа чудо бидна: Извршителите денес протестираа со неработење – незадоволни од новиот тарифник

Поради, како што велат, незадоволство од новите цени кои се предвидени за нивната дејност со новиот тарифник предложен од Министерството за правда, а со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра, денеска извршителите протестираа во знак на изразување на своето незадоволство со прекин на работата.

Претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов за МИА потврди дека денеска ќе има еднодневен прекин во работата и се надева дека сите извршители ќе ги затворат своите канцелариите.

Во синоќешното соопштение Комората на извршители наведе дека остануваат на одлуката од 23-ти овој месец со која изразуваат незадоволство со предлогот на надлежното Министерство за правда за корекција односно намалување на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите.

– Особено Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност, стои во соопштението.

Граѓани обединети во Иницијативата „Стоп за извршители“ веќе неколку месеци протестираа пред Министерството за правда. Револтирани од работата на извршителите, тие на протестите бараа запирање на блокирањето на сметките, ограничување на времетраењето на наплата на долгот и регулирање на застареноста на долговите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…