Џафери: По формирање техничка влада не е можно одложување на изборите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сѐ додека формално не бидат распирашни изборите, има можност за нивно одложување. Но, откако ќе се избере техничка влада, одложувањето не е ниту теоретски, ниту законски возможно. Ова го изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција.

„Не е можно да се одложат изборите откако ќе се формира техничката влада, затоа што таа влада според Пржинскиот договор е со краток мандат за да ги организира изборите, а не да се продолжува нејзиниот рок“, изјави Џафери.

Тој информираше дека планира да свика собраниска седница на 3 јануари за избор на нова техничка влада, но засега нема најава дали премиерот Зоран Заев ќе ја депонира својата оставка. Хипотетички, како што рече, има можност премиерот да не даде оставка, а тоа значи дека нема да бира ни техничка влада. Во тој случај Собранието продолжува со работа до нов договор меѓу партиите.

Џафери, исто така информираше дека власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието, кои се врзани со примена од 1 јануари, а се однесуваат главно на пензиите, социјалата, и здравството. Но, не е постигнат договор за законот за одбрана.