Home Актуелно И ова утро донесе минус 20 Целзиусови – временска прогноза за среда

И ова утро донесе минус 20 Целзиусови – временска прогноза за среда

Разведрувањето во текот на ноќта, но и стационирањето на студен воздух по котлините во претходните неколку дена, утрово повторно условија значитетлен пад на температурата, која локално дојде од вредности околу минус 20 степени Целзиусови.

Денеска ќе имаме умерена облачност, со повремено позначајни сончеви периоди во северната половина од земјата. Локално, пред се на повисоките места, како и во јужните и источните краишта ќе има улови за да провее сосема слаб снег.

Максималната температура ќе има вредност во границите помеѓу минус 10 и минус 7 степени, а на југ околу минус 5 степени.

Скопскиот крај го очекува умерена облачност со позначителни сончеви периоди. Денот го започнуваме со температура која утрово спушти до минус 18 Целзиусови. Максималната температура нема да надмине минус 7 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…