Home Спорт И Мурињо е убеден: Азар ќе се пресели во Реал Мадрид!

И Мурињо е убеден: Азар ќе се пресели во Реал Мадрид!

Иднината на Еден Азар е главна тема ова лето бидејќи се погласни се шпекулациите дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

Коментар на оваа тема даде и Жозе Мурињо, кој исто така е убеден дека финалето во Лига Европа ќе биде последен меч на Белгиецот во дресот на Челзи.

„По се изгледа, тоа ќе биде последниот меч за Азар во синиот дрес. Тој е играч кој секогаш бил од круцијално значење за Челзи. Ќе сака да победува и најверојатно оди во Мадрид со последниот трофеј од Челзи. Од друга страна, екипата која е под поголем притисок е сигурно Арсенал, кои бараат место во ЛШ, Челзи тоа веќе го има осигурано“, смета Португалецот.

Реал Мадрид сака да го донесе Еден Азар и се говори дека неговиот трансфер е завршена работа и официјална потврда ќе пристигне по финалето во Лига Европа, кое на програмата е на 29-ти мај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…