И денес нема возови: Продолжува штрајкот во Македонски железници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради штрајкот на вработените, информираат од Македонски железници Транспорт.

Оттаму велат дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата.

Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои не дозволуваат нормално одвивање на железничкиот сообраќај, да не потпаѓаат под притисок за собирање на нечии дневно-политички поени бидејќи подлегнувањето на такви притисоци нема да доведе до решенија, туку само до продлабочување на кризата што од друга страна е цел на одредени политички субјекти, велат од Македонски железници Транспорт.

Оттаму посочуваат дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.