Home Шоубизнис И Албанките се пласираа во евровизиското финале – за Фамиље „Албанија и Косово се брат и сестра од мајка Голема Албанија“

И Албанките се пласираа во евровизиското финале – за Фамиље „Албанија и Косово се брат и сестра од мајка Голема Албанија“

Песната „Дује“ на овогодинешното издание на Евросонг заеднички ја изведуваат Аљбина Кељменди од Албанија и Фамиља, која е од Пеќ, Косово.

По пласманот во финалето, на прес-конференцијата следеа прашања од новинарите, а од страна на Фамиље имаше и изјава во која се споменува „Голема Албанија“.

„Не зборувам добро англиски… Сите сме многу среќни и многу горди на нашите Албанци, на мојата земја…“, рече Аљбина, а следеше прашањето каква е сега атмосферата во нејзината земја.

„Верувам дека таму е лудо. Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка која е Голема Албанија. Веќе ја видовме големата љубов и поддршката што ни ја даваат деновиве ќе дознаеме кога ќе се вратиме таму“, беше одговорот на Фамиље.

Комплетната листа на финалисти на Евровизија ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кога започнува Ф1 трката? Како да го гледате Гран При на Бахреин во Малезија, време на почеток, информации за стриминг и стартна постава

Формула 1 се враќа на патеката овој викенд! Тркачкиот спорт е во средината на тројна сериј…