Хрватскиот пратеник Иван Пернар: Не го менувајте името, сакаат да ве измамат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот пратеник Иван Пернар спротивно на сите досегашни агитатори кои дојдоа од странство да агитираат за промена на името на Македонија, вели дека Македонците не треба да го дадат името, односно треба да бојкотираат.

„Македонци, не давајте го своето име, тоа вреди повеќе од НАТО и од ЕУ“, им сугерира тој на Македонците во совршено јасна порака на несовршен македонски јазик.


На својот профил на Фејсбук пратеникот во хрватскиот Сабор вечерва објави фотографија од своето присуство на трибина за референдумот во Совет на Град Скопје, а претходно ја обвини Европска унија дека сака да ја измами и Македонија како Хрватска.


„Во Македонија имаат демографски слом како и ние во Хрватска. Целата држава се празни, заминуваат и Албанците и Македонците. Како и нас некогаш, ги уверуваат дека ќе им биде подобро во ЕУ, дека македонскиот ќе биде службен јазик на ЕУ, дека земјоделството ќе оживее со ЕУ-фондовите, дека ќе им пораснат платите и стандардот, дека само треба да гласаат ‘за’ на референдумот. Главно, сакаат да ги измамат како и нас. #бојкот“, напиша тој.



Извор: Таратур/Експрес