Храна која се препорачува во борба против депресијата

Young man sitting looking upset

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да, храната и тоа како може и влијае врз расположението и тоа не само на принцип на вкус и чувства кои ги предизвикува со истиот, туку и на чисто научно ниво, заради состојките кои ги содржи.

На прво место на листата на здрава храна која ја совладува депресијата се најде пастрмката.

Оваа вкусна крцкава риба содржи големи количини на витамин Б, кој е природен антидепресив, го зајакнува нервниот систем и помага во производство на хормонот на среќа серотонин.

Голем борец против депресијата и меланхолијата е и чоколадото, доколку се конзумира во умерени количини.

Освен што се вкусни и хранливи, бадемите се одличен антидепресив, бидејќи тие се богати со рибофлавин и витамин Е, како и со цинк и манган.

Зајачко месо исто така содржи многу хранливи материи како што се манган и железо, кои го зајакнуваат имунитетот и му даваат енергија на организмот.

Брокулата е од непроценливо значење за здравјето поради тоа што ги содржи скоро сите витамини и минерали, а богата е и со фолна киселина и анеурин кои ни помагаат да се ослободиме од лошото расположение.

Зелен чај е моќен антиоксиданс и е одличен начин за детоксикација на телото од штетните материи, а исто така го зајакнува имунитетот и ни дава повеќе енергија за да не западнеме во депресија.