Home Актуелно Хорор ја тресе Македонија: Ја убил сопругата, па се самоубил и тоа пред децата!

Хорор ја тресе Македонија: Ја убил сопругата, па се самоубил и тоа пред децата!

Утринава околу 3 часот и 30 минути, по семејна расправија, сега починатиот Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти, па скокнал од покривот.

Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…