Home Шоубизнис „Холивуд е пеколна дупка“ – претстава со Малкович за сексуалните злосторства на Харви Вајнстин

„Холивуд е пеколна дупка“ – претстава со Малкович за сексуалните злосторства на Харви Вајнстин

Џон Малкович ќе глуми во новата претстава за „изопачениот холивудски могул“ Харви Вајнстин, кој е соочен со низа обвиненија за сексуално малтретирање.

Претставата „Bitter Wheat“ за Малкович ќе биде пдва театарска улога во речиси 30-годишната актерска кариера. Нејзината премиерна изведба ќе биде во јуни, оваа година, во лондонскиот West End.

Поднасловот на претставата гласи „Холивуд е пеколна дупка“, а ја пренесува приказната за Барни Феин кој напаѓа од позиција на моќ. Автор на текстот и потписник на режијата е драматургот и добитник на Пулицерова награда, Дејвид Мамет.

Интересно е да се истакне дека Дејвид ја откри информацијата дека работи на претстава базирана на скандалот поврзан со Харви Вајнстин во интервју за Chicago Tribune во 2018 година.

„Разговарав со својот продуцент за Бродвеј и тој ми рече: Зошто не напишеш претстава за Харви Вајнстин? Тоа ми даде идеја“, изјави тогаш Мамет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…